Македонската ракометна репрезентација ја испушти првата можност да го завери учеството на Европското превенство во Хрватска во 2018 година. Во претпоследното коло избраниците на Раул Гонзалес одгиграа нерешено со Украина на гости 27:27.
Нашата селекција имаше 4 голови предност на полувремето и на два пати по пет на почетокот од вториот дел. Но тогаш почна големиот пад во играта на нашиот состав во кој и да немаше расположен поединец, а со слаб учинок беа и голманите. За разлика од нив украинските чувари на мрежата во второто полувреме одбранија се’, вклучително и ударот на Манасков од крило со звукот на сирената.
По ремито Македонија и Украина имат по 5 бода, еден помалку од водечката Чешка. Во последното коло, на 18 јуни во Скопје Македонија ја пречекува Чешка. Со победа ќе обезбеди пласман на ЕП Во Хрватска.
OhridNews