И покрај апелот од локалната самоуправа до несовесните граѓани кои не го почитуваат Законот за јавна чистота дека против нив ќе бидат применети остри законски санкции, поединци се уште го одлагаат отпадот на тротоарите во близина на коловозните ленти.
Претходно, општина Охрид во согласност со Законот за патишта преку надлежните служби ги отстрани контејнерите за одлагање отпад, кои непрописно беа поставени на тротоарите и пешачките патеки.
Истите беа поставени на соодветни места во близина на колективните станбени згради, но несовесните граѓани отпадот го одлагаат на тротоарите со што создаваат мали депонии.
О.Т.