Од АМСМ информираат дека денес, сабота, обиколницата околу Скопје , нема да биде затворена за сообраќај. Обиколницата ќе биде затворена во понеделник, 12.10.2015.

Инаку, денес сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews