Екстерно тестирање на учениците ќе има и покрај протестите, информираат од Министерството за образование -МОН. Во основните училишта екстерното тестирање ќе се спроведе од 20 до 30 мај, а за учениците од прва до трета година во средните училишта тестирањето ќе се спроведе од 1 до 10 јуни.

Според МОН, зад протестите се кријат одредени слаби раководители на училишта, дел од наставниците кои не знаат да предаваат, родители кои се навикнати нивните деца да поминуваат со протекции и ученици кои сакаат да добиваат оценки без да научат.

Министерствотото денеска испрати апел до директорите на средните училишта и до родителите на учениците децата да се вратата на настава.

Неколку стотини средношколци од прва до трета година денеска протестираа пред зградата на МОН во Скопје, а протести имаше и во Охрид.

Ohridnews