Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 60- годишно лице од Скопје , управител на две фирми и против наведените правни лица, за сторени кривични дела „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „даночно затајување“.

Иако во март 2008 година, било донесено решение за забрана за вршење на ископ на јаглен од лежиштето во Пискупштина-Струга, бидејќи наведените фирми не го платиле концесискиот надомест за простор и експлоатација, пријавениот продолжил да врши ископ и продажба на јаглен и не плаќал данок на додадена вредност и данок на добивка на извршената продажба. Инаку, во период од 2008 до 2011 година, истиот не водел целосна документација и не доставувал документи до УЈП за да ја утврдат фактичката состојба на фирмите.

На овој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.706.798 денари.

OhridNews