Над 200 вработени монтери во ЕВН во моментов работаат на отстранување на дефектите на далноводите поради кои без струја веќе четврти ден по ред се жители од Охрид и охридско, струшко и Дебарца.
Како што информираат од ЕВН, дефектот на далеководот Струга- Суво поле со кој се опфатени селата Вевчани, Подгорци, Велешта , Октиси, е отстранет и во тек се зафати за создавање услови за снабдување со електрична енергија до местата уште вечерва.
Се работи и на отстранување на дефектот кај Песочан, но засега е неизвесно кога жителите од Дебарца ќе добијат струја.
OhridNews