Советот судии на Апелациониот суд во Скопје не ја прифати жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, и го потврди решението на првостепениот суд, со кое му е продолжена мерката притвор. Апелациониот суд за жалбата на Мукоски расправаше на нејавна седница.

За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука. Претходно Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на другите притворени за настаните од 27 април во Собранието.

OhridNews

Макфакс