Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Леброн Џејмс потклекна на притисокот во мечот меѓу Кливленд и Хјустон, кој заврши 105-103 во корист за „рекетите“.


Џејмс, на четири секунди пред крајот на негатива од еден поен имаше две слободни фрлања, но неговата рака затрепери и не успеа да ги погоди, што значеше пораз.


Ретко може да се види најдобрите кошаркари да потклекнат пред притисокот, но ова е само уште еден факт дека и „ѕверките“ од НБА се само обични луѓе.

Мх.П.