По капитенот Кирил Лазаров подготовките во Охрид од први до шест април ќе ги прескокне и „министерот за одбрана“ Борко Ристовски.

– Заради обврските кои ги имам со клубот за кој настапувам и важноста на истите, во договор со селекторот Ивица Обрван донесовме решение на овие подготовки да им се даде шанса на помладите и да се проверат нивните моментално можности. Затоа ќе отсуствувам од претстојната ЕХФ-седмица, но сигурно ќе бидам на располагање за баражот со репрезентацијата на Грција – стои во дописот од Ристовски.
Мх.П.










