Поради здравствени проблеми специјанта јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на собраниската комисија на која се разгледува вториот шестмесечен извештај на СЈО.
Преку соопштение Јанева им се извини на пратениците што ја напуштила расправата.
„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата.“ – кажа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.
Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола, соопшти СЈО.
OhridNews
Јанева: За моите капацитети нека каже Зврлевски, тој ми беше шеф