На снегот чија покривка во Охрид и охридско изнесуваше 20 сантиметри, очигледно не му се радуваа само најмалите.

Во зимската идила уживаа и повозрасните кои правеа најразлични фигури од снег. Меѓу нив, се најдоја и Снешко Белко, Снешка Белка и нивниот дом.


Според прогнозите се очекуваат нови и поинтензивни врнежи од снег- убава вест за сите оние кои го сакаат снегот кој ги инспирира и ја поттикнува нивната креативност.

OhridNews