ВМРО – ДПМНЕ е онаа партија која најмалку има право да зборува за непотизам, велат од Сојузот за иднината по денешните обвинувања од За подобра Македонија за непотизам во локалната самоуправа и во јавните охридски претпријатија.

Република Македонија во заложништво ја држи Никола Груевски заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков. Исто така, еден од многуте охридски примери на напотизам е државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски кој е братучед на пратеникот Александар Николоски. Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ , откако ја доби таа функција, неговата сопруга ја вработи во државниот просветен инспекторат. Исто така, братучедката од неговата сопруга ја вработија во Градската библиотека. Досечашната советничка Љубица Мојсоска нејзиниот сопруг го вработи во МВР. Советникот Величе Маркоски, неговиот син го вработи во здравството. Насудениот кандидат за советник Јане Цаноски својата сопруга ја вработи во царина. Борче Матески, секретарот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ вработен во шумската полиција, неговата блиска пријателка ја вработи во Министерството за земјоделие. Од фамилијата Јовчески, Димитар Јовчески вработен во Пазарна инспекција, неговата сестра во Универзитетот Св. Апостол Павле, нејзиниот сопруг во Основниот суд – Охрид додека пак неговата мајка во Агенцијата за статистика. Досегашната советничка Јованка Дамовска- Секуловска вработена во универзитетот Св. Апостол Павле, додека нејзиниот сопруг е вработен на царина. Од фамилијата Корабоски, Љупка е вработена во антикорупциска, додека Гоце во пазарна инспекција. Никола Шишкоски кој излезе од Аеродром со отпремнина, пред извесно време вработен во ДБК, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината.

OhridNews