И учениците од средното училиште „Нико Нестор” од Струга, со низа активности, се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести.

– Целта е подигнување на јавната свест кај граѓаните, запознавање со значењето на овој ден, придонес за поголемо обрнување внимание за ретките болести од кои за жал се заболени околу 300 милиони луге во светот, велат од училиштето.

Водени од слоганот Show your rare, show your care, учениците го прифатија предизвикот и деновиве преку бројни активност се вклучија во светската интернет кампања со што дадоа поддршка на заедницата на Ретки болести.

OhridNews