Во рамките на акцијата  „Сите во акција за зелена Македонија“, во Струга се чистеше крајбрежјето на Охридско Езеро во делот кај отвореното ракометно игралиште, делот кај машка плажа и делот кај Евро хотел. Во акцијата беа вклучени претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Агенцијата за млади и спорт, Организациониот одбор на меѓународниот ракометен турнир “Струга 2012”,Ракометниот клуб Струга Илинден и друѓи граѓани.

Во акцијата беше ангажирана легендата на маратонското пливање Нико Нестор , кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур,Кочо Паскали-од пливачкиот клуб “Охридски бранови” како и многу други спортски работници од Струга и Охрид. Локалната самоуправа од Струга ангажираше ученици од средните училишта, а  беше вклучено и јавното комунално претпријатије  и Дирекцијата за заштита и спасување.

Акцијата ја спроведоа Владата на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за млади и спорт и пратеничката канцеларија на Лилјана Затуроска.

Оваа кампања е дел од проектот „Чиста околина“, кој се спроведува по повод 22 април, Денот на планетата Земја.

OhridNews