Викендов во Струга свечено беше отворен првиот „Рамстор“ супермаркет кој воедно претставува седми од ланецот Рамстор супермаркети во земјава.

 Се протега на површина од 1.200 квадратни метри и нуди голем асортиман производи.

Како што изјавија од менаџерскиот тим на Рамстор, до отворањето дошло од како биле направени истражувања и мерења со цел да се увидат движењата и потребите на пазарот. При тоа, резултатите покажале дека граѓаните од овој регион имаат потреба од супермаркет што работи по принципот „сè на едно место“ и што ќе понуди најмногу производи по најсоодветни цени и комплетно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од овој регион.

OhridNews