Со воведување на гол технологијата во Премиер лигата грешките на судиите се сведија на минимум. Но, Роџерс Ист исклучувајќи погрешен фудбалер покажа дека и судиите се луѓе и можат да погрешат.


Имено, во 66-та минута од мечот Манчестер Јунајтед – Сандерленд, Радамел Фалкао беше соборен во казнетиот простор од Џон О`шеј, а судијата во соблекувалните го испрати Вес Браун.


Судијата не ги прифати сугестиите ниту од О`шеј, кој ја призна вината ниту од фудбалерите на Јунајтед и остана на првата одлука да го исклучи Браун.

Вејн Руни го искористи ударот од белата точка и ја најави победата на „ѓаволите“ која на крајот изнесуваше 2-0.

Мх.П.