Под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, претставници на Одделението за превенција при СВР Охрид деновиве одржаа предавање и на учениците од ОУ „Кочо Рацин“.
Во рамки на предавањето учениците од ова училиште беа запознаени со ризиците од употреба на пиротехнички средства, особено пред и по Новогодишните празници кога пиротехниката е најзастапена.
Од училиштето велат дека ваквите предавања на еден поинаков и современ начин им ги доближува опасностите и ги поттикнува да децата да размислуваат во еден поинаков правец.
OhridNews