Меѓу пријавените апликанти за кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ, е и професорот на Универзитетот „ФОН“, д-р Стефан Буџакоски, дознава OhridNews.
Буџакоски е доктор на правни науки. Тој доставил обемна програма со визија за развој на Охрид во наредниот период, која ќе ја разгледуваат партиските органи.
Неговото име заедно со неколку други спомнувани во јавноста се поврзува со потесниот избор на кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Охрид.
Официјално во ВМРО ДПМНЕ не ги коментираат пристигнатите кандидатури. Оттаму велат дека партијата својот кандидат за градоначалник на Охрид, како и во останатите општини од државата ќе го избере во редовна процедура, која е во тек. Со потенцијалните кандидати во моментов се прават интервјуа, а конечната одлука партијата ќе ја донесе во законски предвидениот рок. Во меѓувреме, велат од ВМРО ДПМНЕ, интензивно се работи на терен на со граѓаните на изготвување на програмата за наредните локални избори.