Управата за заптита на културното наследство реагира на најавите на локалната самоуправа за продолжување на постапката за донесување на Детален урбанистички план за Урбана заедница 1 – опфат Табана и за Урбана заедница 2 – опфат Ривиера, што според надлежната државна институција се прави спротивно на законот.

Од Управата појаснуваат дека за овие два урбинистички плана охридскиот Завод и Музеј изготвил заштитно конзерваторски основи, кои не биле соодветно вградени во ДУП-ви подготвени од Општина Охрид, која согласно законот задолжително треба да го направи тоа, на што било и посочено.

-До Управата за заштита на културносто наследство не е пристигнато повторно барање-мислење за вграденоста на основите во плановите, така што усогласеноста на планските решенија со пропишаниот режим на заштита во заштитнo-конзерваторските основи не е констатирана од страна на Управата. Со организирањето на јавна презентација на овие два плана пред истите да бидат усогласени со заштитно конзерваторските основи, а со оглед на задолжителноста за вградување на одредбите од основите во планот, ќе се создаде нереална слика и заблуда кај граѓаните за можноста за реализирање на предложените плански решенија.-предупредува Управата за заштита на културното наследство.

Оттаму потсетуваат просторот за кој се однесува предложениот план подлежи под Законот за заштита на старото градско јадро од кој произлегуваат одредби и обврски кои Оопштина Охрид не ги има имплементирано иако рокот за тоа завршува во април оваа година.

Управата за ова со допис ја информирала охридската локална самоуправа, укажувајќи и дека при изготвување на просторните планови таа треба да ги има во вид сите законски одредби вградени во националната регулатива со кои се штитат интересите на државата.

OhridNews