Најмалку пет лица се повредени во британската престолнина Лондон, денес утрото, кога автомобил покоси пешаци на тротоар, во уште еден од низата слични инциденти во светот кои се случија деновиве. Инцидентот се случи на југоистокот од Лондон, на Бромли Роуд во квартот Белингем. Возачот го качил возилото на тротоарот, собирајќи неколку лица, а пота удрил во ѕидот на една зграда.

Пет лица се хоспитализирани. Двајца мажи и една жена се во ритична состојба. Засега не се познати причините за оваа несреќа. Но ова не е прв случај кога автомобили налетуваат на пешаци последниов ден. Вооружен со нож возач на „опел“, вчера, нападна луѓе на плоштадот Бузмаркплац во германскиот град Хајделберг. Притоа настрадаа три лица, а еден од нив подоцна почина во болница. Возачот, исто така, е хоспитализиран.

Сличен е инцидентот што се во Њу Орлеанс, кога возило управувано од пијан возач влета во толпата луѓе кои ја следеа парадата Марди Грас, пред започнувањето на Големите пости. Според последните податоци, повредени се 28 лица, од кои 21 се хоспитализирани, а за 12 луѓе лекарите изјавија дека се во критична состојба.