Охрид е меѓу 16-те градови во земјава каде во нареднитр 10 денови со петиција ќе се бара екстерното тестирање да биде прогласено за пилот-проект, соопштуваат од Младинскиот образовен форум.

Тие велат дека петицијата е логичен чекор на реакција после сериозните пропусти во начинот на спроведување на екстерното тестирање, законските прекршувања и недоследности и нејасните цели на процесот.

МОФ ги повикува сите ученици, наставници, професори, родители и загрижени граѓани да се потпишат на петицијата и со тоа да упатат глас до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пилот.  Да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите, да отворат јавна дебата со засегнатите страни и да работат на негово подобрување со единствена цел – подобрување на образовниот процес и унапредување на перформансот и знаењето кај учениците и професорите, а не предизвикување страв.“ – велат од МОФ:

Од ресорното министерство потенцираат дека остануваат на своите позиции, а за идните одлуки дополнително ќе ја известат јавноста .Оттаму со стасв дека МОФ неточно и необјективно ја информира јавноста без да биде доставен било каков официјален пишан документ до Министерството за образование и наука или било кој друг орган и институција инволвирана во процесот на екстерното тестирање.

Инаку во јавноста различни се мислењата за екстерното тестирање, но голем е бројот на граѓани кои не се задоволни од оваа побразовна новина. Тоа го покажува и анкетата што за свои потреби деновиве ја спроведе OhridNews.

„OhridNews