Кривичниот суд во Скопје пресуди затворски казни за првообвинетите во повторениот судски случај “Изгрев“. За малверзациите со струшкиот хотел, браќата Димитар и Ѓорги Миладиновски добија две и две и пол години затвор за перење пари, додека судот се повлече од обвиненијата за измама и злоупотреба на службената должност, јавува „Тв Телма“. Адвокатот Димитар Савовски доби девет месеци затворска казна, две лица се условно осудени, а од секаква одговорност судот ослободи седуммина нотари, судии и стечајни управнички.

По дваесет месеци минати во притвор, два судски процеси и пресуда во Стразбур за неосновано држење во притвор Ѓорѓи Миладинов денешната одлука на Судечкиот совет ја оцени како присилна, за да ја оправда грешката на судот и непостоењето на делото.

-Судството е марионета во рацете на обивнителство и МП со оваа пресуда сакаат да  избегнат казните од Стразбур каде пресудата беше во корист на обвинетите дека притворот и целата постапка се незаконски, изјави Ѓорги Миладинов.

Судскиот процес за случајот „Изгрев “ започна во 2010 година. И тогаш и сега обвинителството ја исклучи од обвнителниот предлог Македонската православна црква која фигурираше како бизнис партнер на браќата Миладинови.

OhridNews
Извор: Тв Телма