Советот на Општина Дебрца на денешната, 58 седница едногласно донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион. Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.

– Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да предлага локација за изградба на регионална депонија на територијата на Општина Дебрца, велат од локалната самоуправа на општина Дебрца.

Оттаму, ги повикуваат жителите масовно да го поддржат референдумот, како што велат, со цел да се стави точка на прашањето околу изградбата на регионална депонија во општината.

Ohridnews