Иако граѓаните секојдневно се среќаваат со предрасудите, сепак тие ретко ја пријавуваат дискримнацијата. Препознавањето механизми за заштита од оваа појава, беше главната тема на работилницата, која што деновиве се одржа во Хотел Гарден во Охрид, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ. Претставниците на Црвен Крст Охрид, НВО Младинскиот Совет и НВО Опција Охрид, како и вработени во Центрите за социјални работи од градовите Охрид, Струга, Кичево и Дебар, разговараа за социјално исклучените лица.


Во склоп на работилницата, презентирани беа обврски на дражавата и нејзините институции, како и активно учество на граѓаните, за подобар пристап кон дискриминираните лица. Главни основи на дискриминација се етничката и политичка припадност, бојата на кожата, социјалното потекло како и други причини, кои создаваат предрасуди кај граѓаните.

Комисијата за заштита и спречување на дискириминацијата е еден од механизмите на државата за искоренување на оваа појава. Оштетените лица, можат да поднесат форумулари, доколку се чувствуваат дискриминирано. Дури 93 пати, комисијата постапила по разни основи, од незиното формирање.


Од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, препорачуваат поголема сорабокта меѓу институциите и комисијата, јавниот правобранител како и останатите релеванти фактори во заедницта, со цел навремено препознавање и пријавување на оваа појава.

OhridNews