Златан Ибрахимовиќ, сепак, сé уште не успеа и да ја освои со некој од неговите клубови Лигата на шампионите, меѓутоа листата за клубовите за кои настапуваше е навистина импресивна. Ова лето Ибрахимовиќ мина од Милан во ПСЖ, а претходно настапуваше за Ајакс, Јувентус, Интер и Барселона.
Ибракадабра во вторник на натпреварот на ПСЖ против Динамо Киев ќе надмине пет играчи коишто настапиле за по пет клубови. Тоа се: Никлас Анелка кој настапуваше за Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Фенербахче и Челзи; Фернандо Мориентес за Реал Мадрид, Монако, Ливерпул, Валенсија и Марсеј; Стефан Далма играше за Бордо, Интер, Ленс, ПСЖ о Марсеј; Емерсон за Баер, Рома, Јувентус, Реал Мадрид и Милан и Ернан Креспо кој се појавуваше во Лигата на шампионите во дресовите на Парма, Лацио, Интер, Челзи и Милан.
Од сите овие само Мориентес, и тоа трипати, и Анелка, ги освојуваа трофеите во Лигата на шампионите.