Екипата на Милан на погон од Златан Ибрахимовиќ ја совлада Болоња и со триумф ја започна новата сезона во италијанската Серија А. Швеѓанецот доби пофални зборови од сите, а тој рече дека ако бил помлад место два ќе постигнел четири голови.

Јас сум во добра форма, работам. Победивме, а јас можев да постигнам повеќе. Да имав 20 години, ќе постигнав уште два гола. Не, не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон – почнувам стар и умирам млад! Настрана шеги, тимот играше добро, ние сè уште не сме 100% подготвени и затоа направивме некои грешки што обично ги избегнуваме. – изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ очекува Милан да биде поуспешен од минатата сезона.

Нашата цел е да постигнеме повеќе од минатата сезона. Оваа година треба да играме натпревар по натпревар, да играме самоуверено и да го третираме секој меч како финале. – рече шведскиот фудбалер.

На Милан го очекува дуел со норвешки Бодо во Лигата на Европа, потоа гостува кај Кротоне во Серија А.

OhridNews