Составот на Милан десет дена ќе го нема на располагање Златан Ибрахимовиќ, кој го повреди бутниот мускул на десната нога, во дерби средбата со Рома на „Олимпико“.

Ибрахимовиќ ќе пропушти вкупно четири натпревари, а најѕвучен е натпреварот со Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето во Лигата на Европа.

„Росонерите“ во Серија А без Ибрахимовиќ ќе играат на средбите со Удинезе, Верона и Наполи.

На дербито против Рома се повреди и Хакан Чалханоглу, кој со сигурност нема да може да му помогне на Милан за мечот против Удинезе.

OhridNews