Актуелниот првак Милан собра најголем дел од наградите кои ги доделува Здружението на професионални фудбалери во Италија.

Според колегите најдобар фудбалер за 2011 година е Златан Ибрахимовиќ, додека најдобар тренер е Масимилијано Алегри. Во идеалниот тим на Серија А, место имаше за “покер“ росонери, и тоа Ибрахимовиќ, Неста, Боатенг и Тијаго Силва.

Посебна награда од новинарите доби селекторот на Англија Фабио Капело, додека Алесандро Дел Пјеро и Фабио Канаваро добија награди за исклучителни постигнувања.

Идеалниот тим во Серија А за 2011 година, во изборот на професионалните фудбалери изгледа вака: Хандановиќ (Удинезе) – Ранокиа (Интер), Тијаго Силва (Милан), Маџо (Наполи), Неста (Милан) – Армеро (Удинезе), Хамшик (Наполи), Маркизио (Јувентус), Ботатенг (Милан) – Ди Натале (Удинезе), Кавани (Наполи), Ибрахимовиќ (Милан).

Ohridnews