Актуелниот првак, Барселона го совлада Милан во реванш мечот од Лигата на Шампиони, на Ноу Камп со 3-1 и се пласираше во 1/2 финалето. Но во главна улога во 1/4 финалниот дуел беше холандскиот судија Бјорн Кјуперс кој досуди два пенали за бранителот на трофејот од кој вториот беше крајно сомнителен.



– Натпреварот не се игра за судијата, па тој да биде во центар на внимание. Топката не беше во игра, и сите се чудевме за досудениот пенал. Како може да досуди таков пенал, срамота!! Ваквите моменти во кариерата можам да ги избројам на прсти, ни дадоа еден гол од игра а примивме три погодоци. Сега го разбирам Мурињо, како се чувствува на Ноу Камп
– дециден беше Ибрахимовиќ.

И “виновникот“ за пеналот, дефанзивецот Алесандро Неста со чудење и неверување ја прифати одлуката на Кјуперс – Ни еден фудбалер не се бунеше, а тој покажа на белата точка. Во двата натпревари со Барселона покажавме дека можеме да се носиме со секоја екипа. Тие го имаат Меси кој е феноменален, и не е срамота што испаднавме во 1/4 финалето.


Изрбраниците на Пеп Гвардиола пет сезони во низа се пласираат во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони, но овој пат дефинитивно со голема помош на судијата Кјуперс.

Мх.П.