Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ пред Ајфеловата кула беше презентиран како нов фудбалер на ПСЖ. Иако се очекуваше Ибра да дебитира за новиот тим за време на нивната турнеја во Америка, против Вашингтон ДС, тој го одложи официјалното деби во новиот тим.


 – Уморен сум и не сум во топ форма. Ќе одиме чекор по чекор – рече поранешниот фудбалер на Милан.

Ибрахимовиќ се стави на располагање на стратегот Карло Анчелоти, а своето деби ќе го има на 4 август против неговиот поранешен тим Барселона и тоа на “Паркот на принцовите“ во Париз.

Ohridnews