Славеникот на 100-от натпревар во дресот на Англија, Стивен Џерард најдобро ќе се сеќава на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот ги постигна четирите погодоци за Шведска во победата над “гордиот албион“ 4-2.


Во репризата од финалето на мундијалот во 2006 година Франција ја совлада Италија со 2-1. “Азурите“ со голот на Ел Шарави стигнаа до предност. Фудбалерот на Марсеј, Валбуена го изедчани резултатот додека конечна победа за “триколорите“ донесе Гомис.

Резултати : Македонија – Словенија 3-2, Холандија – Германија 0-0, Шведска – Англија 4-2, Италија – Франција 1-2, Турција – Данска 1-1, Австрија – Брегот на Слоновата Kоска 0-3, Габон – Португалија 2-2, Унгарија – Норвеша 0-2, Полска – Уругвај 1-3. . .

Мх.П.