Шампионот на Франција Пари Сен Жермен објави дека Златан Ибрахимовиќ го продолжил договорот. Според новиот договор Швеѓанецот на Пакот на Принцовите ќе остане до 2016 година.                      

                            

Кога ќе му истече договорот, Ибрахимовиќ ќе има 35 години, што значи дека кариерата ќе ја заврши во Париз.

„Не гледам дека во Европа има поамбициозен проект од овој на ПСЖ. Сакав да останам во Париз и ова е последниот голем клуб во мојата кариера“, изјавил Ибрахимовиќ за официјалната интернет страноца на клубот.

Шведскиот интернационалец, минатата сезона за ПСЖ постигна 30 голови, беше прогласен за играч на годината во Франција и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата. Ибрахимовиќ кариерата ја започна во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

 

„Макфакс“