После синоќешниот пораз од Англија втор во групата, селекцијата на Шведска остана без шанси за пласман во најдобрите осум од стариот континент. Капитенот на “викинзите“ Ибрахимовиќ не го криеше незадоволството после поразот од Англија кој им ги затвори четвртфиналните врати.


Мечот беше фантастичен. Се вративме од 1-0 и заводевме 2-1 но до крајот на мечот незнаевме како да ја сочуваме предноста. И по водството ја игравме нашата игра но и среќата ни го сврте грбот на дуелот со Англија. Мислам дека не заслуживме ваков расплет во групата. Не гледам ништо позитивно веќе ова е трагедија – истакна Ибрахимовиќ.

Во последното коло швеѓаните на мечот со Франција ќе се збогуваат од Европското првенство.

Мх.П.