Напаѓачот во македонската фудбалска репрезетнација Агим Ибраими го заврши престојот во турскиот клуб Eskişehirspor.
Откако не успеа да се избори за место меѓу првите 11 во составот, Ибраими е ослободен од обврските во турскиот клуб. Тој не добиваше многу шанси , а сега има можност да ја продолжи кариерата на друго место.
Ибраими кој беше стандарден во селекцијата под 21 , има 4 настапи за “А“ тимот но се уште чека на првиот гол. Фудбалската кариера ја започна во Шкендија, потоа играше за Салцбург и Олимпија Љубљана, а Eskişehirspor е последниот клуб во низата.
Eskişehirspor на половина од турскиот шампионат се наоѓа на 12 место.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...