Агим Ибраими со признанието за најдобар фудбалер во Словенија ја заокружи фанстастичната сезона за него.

Ибраими добро се снајде во Лигата на Европа каде забележа неколку добро настапи за словенскиот првак Марибор.

Потоа следуваа одличните перформанси во репрезентивниот дрес на квалификациските натпревари за СП, кога Ибраими постигнуваше погодок на три меча во низа.

Календарската година ја круниса со наградата за најдобар фудбалер во Македонија за 2012 година.

Пет месеци подоцна Ибраими со неговата екипа Марибор ја одбранија титулата во словенското првенство, а шлагот на тортата беше признанието за најкорисен фудбалер во шампионатот.

За поранешниот фудбалер на Напредок интересот на трансфер пазарот е голем, но тој неодамна истакна дека е среќен во Марибор и не планира да замине од таму.

Мх.П.