Милитантите на Исламската држава (ИД), ја срушиле големата џамија Ал-Нури и нејзиниот минарет во Мосул, соопшти ирачката армија, пренесува „Макфакс“.

Од оваа средновековна џамија лидерот на ИД Абу Бакр ал-Багдади пред три години прогласи „калифат“ на териториите на Сирија и Ирак.

Новинската агенција на ИД, Амак, за рушењето на џамијата ја обвини американската војска.

„Припадниците на ИД извршија уште еден историски злочин. Тие ја урнаа џамијата Ал-Нури и нејзиниот минарет Ал-Хабда“, соопшти ирачката војска.

Експлозијата се случила кога единиците на ирачката армија се доближиле на околу 50 метри од џамијата, која се наоѓа во стариот дел на Мосул.

„ИД со овој чин официјално го призна поразот“, рекол премиерот на Ирак Хајдер ал-Абади, неколку часа откако ИД ја урна џамијата.

OhridNews
извор: „Макфакс“