Секоја изјава, потег или било што и да е поврзано со португалскиот стратег Жозе Мурињо, привлекува големо внимание. „Специјалниот“, во центарот на светската јавност се најде после изборот на идеалниот тим, составен од фудбалери на кои им бил тренер.

Во тимот на Мурињо, доминира лондонскиот премиерлигаш Челси со седум фудбалери. Двајца свои претставници има Реал Мадрид, а еден има Интер. Нејаснотии во идеалниот тим на Мурињо има околу Рикардо Карваљо, кој под водство на својот сонародник настапуваше во Порто и Челси.

Мурињо во својот идеален состав не вклучи ниту еден фудбалер од Манчестер Јунајтед и Тотенхем, каде моментално е менаџер.

Идеалниот тим на Жозе Мурињо:

Голман: Петер Чех (Челси)

Одбрана: Џон Тери (Челси), Рикардо Карваљо (Порто/Челси), Вилијам Галас (Челси), Хавиер Занети (Интер)

Среден ред: Клод Макелеле (Челси), Месут Озил (Реал Мадрид); Френк Лампард (Челси)

Напад: Еден Азар (Челси), Дидиер Дрогба (Челси), Роналдо (Реал Мадрид)

OhridNews