Охридскиот фудбалер Александар Целески, го предводи нападот во идеалниот тим од 14-та рунда во Втората македонска фудбалска лига, составен од „Макфудбал.мк“.

Целески место помеѓу најдобрите во Втората лига обезбеди со погодокот во минималната победа (1-0) на Охрид во дербито од средината на табелата со кичевски Велазерими. За напаѓачот на Охрид ова е трет избор во тимот на колото. Претходно два пати беше после победите на Охрид против Гостивар односно Дрита, каде Целески постигнуваше голови.

Друштво на Целески во нападот му прави Христијан Кировски, кој го постигна победничкиот погодок за Гостивар во средбата со Дрита. Мечот заврши 2-1.

Тимот на колото за 14-та рунда во Втората МФЛ

OhridNews

 

Видео: „Рибарите“ нижат победи и бодови во Втората МФЛ