Охридските фудбалери, нанижаа нови три бодови на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи го Велазерими на домашен терен со 1-0. Единствениот погодок на дерби натпреварот од средината на второлигашката табела кој го одлучи победникот беше дело на Александар Целески. Охридскиот голгетер со одмерен удар со глава во 56-та минута ја погоди мрежата на гостите, кои во продолжението од мечот не најдоа соодветен одговор за негативата.

„Рибарите“ со победата над Велазерими стигнаа до шестиот триумф во седмиот меч на СРЦ „Билјанини Извори“ во шампионатот. Единствен клуб, кој во досегашниот дел од сезоната замина со бодови од Охрид е Скопје, кој славеше со минимални 1-0.

Охриѓани со 22 бодови се четвртопласирани на табелата во Втората МФЛ.

OhridNews

Нов триумф на Охрид, Целески стрелаше за три бодови