
„Секоја идеја во сите сфери на животот на луѓето е подобра отколку да се живее во свет без идеи но оваа идеја за формирање на трет синдикат во ЕМО иако е легитимна, сепак е премногу штетна за вработените доколку би се остварила.
Колку да се потсетиме: Вработените во ЕМО кои во фирмата не се од понов датум сигурно паметат дека еден голем дел од работниците никогаш не ги добија телевизорите, марка ГОЛД СТАР, договорени со синдикатот на чело со Бранко Петанчески и своите пари кои ги имаа исплатено на рати мораа да ги бараат на суд!?“, се вели во соопштението на менаџерскиот тим на АД ЕМО Охрид.












