Манчестер Јунајтед со победата над Сандерленд 3-1 ја задржа предноста од шест бодови пред градскиот ривал Манчестер Сити на врвот во Премиер лигата.


Во увертирата од 17-та рунда “граѓаните“ славеа триумф на гостински терен во Њукасл со 3-1. Поради настапите на Челси на Светското клупско првенство мечот со Саумптетон е одложен.

Резултати : Мен Ју – Сандерленд 3-1, Ливерпул – Астон Вила 1-3, Њукасл – Мен Сити 1-3, Стоук – Евертон 1-1, КПР – Фулам 2-1, Норвич – Виган 2-1, Челси – Саумптетон одложена.

Табела : Мен Ју 42, Мен Сити 36, Челси 39, Евертон 27. . .

Мх.П.