Во тепачката што синоќа околу полноќ се случи во центарот на Охрид, учествувале петнаесетина млади лица од Скопје, меѓу кои имало и малолетници. Тие подолг период имале меѓусебни недоразбирања, кои кулминирале синоќа со масовна тепачка.
-СВР Охрид ги идентификува сите учесници кои синоќа го нарушија јавниот ред и мир. Во текот на денешниот ден идентификувано е лицето кое употребило ладно оружје и mu нанесе тешки телесни повреди на едно лице. Се очекува подоцна да биде комплетирана кривична пријава против него за сторено казнено дело убиство во обид.-изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Како што веќе информиравме во тепачката две лица се прободени со нож. Тие синоќа биле примени на хируршкото оддление при општата болница каде биле оперирани и во моментов се во стабилна состојба .
-Сношти дежурниот доктор прими двајца пациенти, едниот во живото загрозувачка состојба, а другото лице исто така имаше сериозни повреди. Итно беа операрирани, првиот имаше убодна рана во стомакот, а вториот повреда на градниот кош.-изјави др Димитар Арнаудов, специјалист хирург.
Од СВР Охрид велат дека синоќешниот немил настан е изолиран инцидент и дека безбедносната состојба во градот, каде викендов престојуваат илјадници туристи, е стабилна.
OhridNews