Актерот и стенд ап комичар Никола Тодороски од Охрид од неодамна ја лансираше комичната веб серија “Идиотека“. Се работи за кратки веб епизоди напишани, продуцирани и изведувани од Никола кој веќе неколку месеци го промовира жанрот на стенд ап комедијата во Македонија. Серијата засега се промовира преку неговиот веб канал на http://www.youtube.com/user/timi2times


Наскоро се очекува да ја промовира и неговата веб страна на која серијата ќе биде прикажувана. Ова е една од првите професионални подкаст или веб серии во Македонија од ваков – комичен жанр.

Темата на првата епизода е “ТАБУ“. Линкот за првата епизода на ИДИОТЕКА : http://www.youtube.com/watch?v=vg4YlM6sw4o

Ohridnews