УХМР за следните денови најавува многу студен бран, со утрински температури до -17 степени и умерен до засилен северен ветер.
Како што информира, за време на викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка некаде ќе надмине 20 сантиметри.

Утринските температури ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната недела и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.
Според прогнозата, во среда утринските температури ќе бидат најниски, од -17 до -8 степени, а дневните ќе се движат од -8 до три степени.
OhridNews












