Идната седмица  во Охрид на површина од 1500 хектари продолжуваат активностите за прскање против возрасни комарци, односно аеросолна адултицидна дезинсекција и терестрична апликација на средство за уништување ларви од комарци на стоечки води, пренесува „Канал5“.

Акцијата се одвива од страна на Министерството за транспорт и врски и Министерството за здравство, а согласо договорот предвидено е да запрашува во Дојран, Ресен, Крушево, Берово, Чешиново-Облешево и Охрид.

OhridNews