Владата на Република Македонија донесе одлука следната среда, 21- ви ноември, да биде неработен ден, поради спроведување на есенската акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина” .

Пролетната акција Ден на дрвото за 2012 година не се реализира, поради препораката на експертите од областа на шумарството- наместо во пролет, годинава акцијата да се спроведе наесен. Имено, поради обилните врнежи од снег минатата зима и неговото интензивно топење, и наглото затоплување, експертите сметаа дека не постојат оптимални услови  за садење на садниците .

OhridNews