Исходот од натпреварите на двете категории беше во втор план, а сите ракометари кои добија шанса покажаа огромна желба и најавија дека иднината е светла за охридскиот ракомет.
– Сите дечиња на контролните натпревар покажаа голема желба за докажување. Многу сум задоволен од моите дечиња, а импресиониран сум од останатите ракометни школи. Можам со право да кажам дека на ракометот во Охрид му претстои светла иднина – потенцираше тренерот на Р.К. Охрид, Ѓоко Апостолов.
Сениорите на ракометниот клуб Охрид се натпреваруваат во Првата машка ракометна лига додека од наредната сезона Охрид ќе има свои преставнци во пионерската и кадетската лига.