Ристовски во одбраната, Тодоровски во средината, Хасани во нападот. Вака би изгледала макдонската фудбалска иднина. Тројца важат за респектирани фудбалери во своите средини,а наградата за нивните успешни настапи дојде со повикот во репрезентацијата.


Ја предводеше репрезентацијата под 19 години, но сега се најде во можност да дебитира на мечот со Ирска за “А“ тимот. Меѓу репрезентативиците е одлично примен и доколку му се укаже шанса подготвен е во целост да ја искористи.


–    Одлично сум примен во националниот состав и за мене тоа е голема чест но и обврска , чест ми е да работам со овие играчи, овде сум најмлад и имам од кого да учам. Сакам да се докажам во овај состав, а зошто да не дебитирам и во сабота. Немам никаков проблем со адаптацијата , јас сум навикната да работам со повозрани колеги, што  е случај и во италијанската Парма. За мене ќе биде голема чест доколку добијам шанса во првите 11, па и од клупата, но сепак најважно е да се добие мечот.

Најдобриот играч во македонскиот шампионат, напаѓачот на тетовска Шкендија Ферхан Хасани е едно од “скриените“ оружја на селекторот Мирсад Јонуз. Хасани кој 14 пати сезонава ги тресеше противничките мрежи , лесно може да биде играчот кој во сабота ќе биде едно од изненадувањата за Џовани Трапатони. 



–    Хасани е иднината на нашиот фудбал, неговиот потенцијал е неспорен и само со работа со повозрасните колеги во репрезентацијата, како Наумоски, Пандев може да се надгради неовиот талент. – смета селекторот Мирсад Јонуз.

Последен влета во националниот состав, неговата одлична сезона во Работнички не остана незабележана и Тодоровски го комплетира трилингот млади фудбалери кои се во комбинација за мечот со Ирска.


–    Повикот во репрезентацијата е голема чест за мене, голема благодарност до селекторот и стручниот штаб што во овај момент ме повикаа да бидам дел од националниот состав. Мислам дека дојден сум во право време и доколку добијам шанса ќе го дадам максимумот за да го оправдам овај повик.  И навистина сум среќен што сум дел од репрезентацијата.- Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да навиваат за Македонија и ќе биде еден вистнски фудбалски спектакл – смета Тодоровски.

Серијата откажувања кои се случија во последен момент го “примораа“ селекторот да повика свежа крв во репрзентацијата. Идеата е да се продолжи со таквиот континиитет во промовирање на млади фудбалери кои се иднина на македонскиот фудбал.

–    Мора да мислиме на иднината, никој не е вечен , па ни јас,  рече селекторот  Мирсад Јонуз..

Фото : Емилио
М.Постоловски