Кандидатите за пратеници од ВМРО- ДПМНЕ, д- р Сашо Василевски, Александар Николоски и д- р Љубен Арнаудов упатија благодарност до граѓаните за укажаната подршка на одржаните парламентарни и претседателски избори, како и благодарност до медиумите за професионалното известување во текот на кампањата.

Не ми преостанува друго, освен прекрасното чувство по победата да го споделам со граѓаните на Охрид. Она што сакам да кажам е дека го добивме посакуваното, а тоа е подршката на народот за што сме благодарни и ги уверуваме граѓаните дека нашата работа во парламентарниот дом исклучиво ќе биде во интерес на земјата и нашиот град. Ние во идниот период ќе ги претставуваме вашите интереси и на најтранспарентен начин ќе с етрудиме Охрид да добие што повеќе инвестиции и да следува период на големо инвестирање во градот, рече Василевски.

Како што потенцира Александар Николоски, успешната изборна кампања била резултат на добрата координираност на тимот .

Мене ми е оваа четврта кампања и можам да кажам дека беше најлесната затоа што имав прекрасен тим, не сакајќи со тоа никого да потценам од претходно , но бевме одлично координирани и не направивме ниедна крупна грешка. Упатувам благодарност до општинскиот изборен штаб, до сите кои работеа на терен и кои гласаа, без разлика за која политичка партија. Сакам да ги повикам сите кои добија мандат на овие избори да дојдат во собранието најдоцна на 17 мај и заеднички да почнеме со работа затоа што сите партии кои добија мандат треба да имаат свои претставници во собранието што ќе е од голема корист за Македонија и граѓаните, рече Николоски кој додаде дека сите дадени ветувања во наредниот период ќе бидат реализирани, при што акцент ќе се стави на потребите на ранливите категории граѓани.

Арнаудов им се заблагодари на сите кои посредно или непосредно придонеле за остварената победа на ВМРО- ДПМНЕ.

Се покажа дека охриѓани знаат да проценат што е добро за нив и за државата и го дадоа својот глас на вистинското место со надеж дека нивниот глас не е залудно потрошен и дека нашите претставници во парламентот ќе работаат во интерес на сите, рече Арнаудов.

Благодарност до медиумите упатија и од Центарот  за комуникации при ВМРО- ДПМНЕ , од каде потенцираа дека центарот во изминатите две години од кога е формиран бил дел од големи историски победи на ВМРО- ДПМНЕ.

Од 2012 година сме сведоци на големи историски победи на ВМРО-ДПМНЕ во кои центарот имаше учество и беше дел од нив. Тимот кој победува не се менува, беше и ќе остане негов дел Дејан Паноски, а тимот го надградивме и со Ѓоко Аловски, се надевам во иднина ќе станеме и побројни. Искрено сакам да упатам и една желба за побрзо оздравување на Васко Ложанкоски и се надевам дека за кратко време повторно ќе биде во нашите редови, рече портпаролот и шеф на Центарот за комуникации на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека и понатаму продолжуваат со позитивна, а не деструктивна политика .

Т.К.