На половина пат од Полска и Украина , македонската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Мирсад Јонуз, е на петтото скалило далеку од  местата кои не носат на континеталниот собир.

Во моменти кога зборот “ОДГОВОРНОСТ“ не значи ништо за селекторот Јонуз, во јавноста неговата оставка ја побара вториот човек на ФФМ, Кенан Идризи.


Издризи (лево) проговори за селекторот

Идризи во изјава за дневниот весник “Време“ вели  – Не треба многу да се размислува за целата работа. Резултатите го држат тренерот. Ако има успех, селекторот ќе добие награда, но, ако нема, самиот треба да си замине не чекајќи УО на ФФМ да му изрази недоверба. Ние ќе чекаме отчет од селекторот, па ќе видиме што ќе правиме понатаму. Што се однесува до договорот што го има со федерацијата, не би можел да кажам дали има клаузула со која би требало да добие финансиско обесштетување во случај на отказ – вели Кенан Идризи, потпретседател на ФФМ.

Јонуз на селекторската позиција доби зелено светло по седницата на УО на ФФМ пред мечевите со Русија и Андора, тогаш Управниот не беше задволен од постигнатите резултати но не се одлучи за санкција.

Ваквиот настап на еден од водечките луѓе во македонскиот фудбал е реткост, досега главно раководните луѓе стоеја на страна и своите ставови ги изнесуваа на седниците на Управниот Одбор.

Според најавите жешко ќе биде на наредниот состанок кога се очекува на маса повторно да биде поставено селекторското прашање.

М.П.